Стапката на невработеност во САД во декември паднала за 0,2% и се наоѓа на најниско ниво во последните шест години - 5,6%.
Владиниот Оддел за труд во денешниот извештај наведува и дека американската економија во истиот период создала 225.000 нови работни места.
Ваквите податоци ги надминаа предвидувањата на поголемиот дел на економистите и се илустрација дека 2014-та била најсилната година на економски растеж во последните 15 години.
Иако стапката на невработеност лани вкупно падна за еден процент, 8,7 милиони лица во САД и натаму се без работа. Дополнителни 6,8 милиони сакаат да најдат редовно вработување, но успеале да најдат само хонорарна работа.
Денешниот извештај покажува и дека растежот на платите само за малку предничи пред стапката на инфлација.