Американската влада кажа дека бројот на апликанти за помош по останувањето без работа пораснал за 27 илјади на 412 илјади за неделата што завршила на 9 април, што е најголема цифра од средината на февруари.
Аналитичарите велат дека целокупниот американски пазр на работни места продолжува да се подобрува и дека минатонеделното зголемување на бројот на пријави од невработени може да се должи на правилата за поднесување вакви пријави, а не на ослабувањето на најголемата економија во светот. Некои влади на сојузните држави бараат невработените повторно да се пријават за помошта на почетокот на секој квартал на годината, како што беше случај минатата недела.
Четиринеделниот просек, што е поширока мерка за одредување на американските економски трендови, пораснала на повеќе од 395 илјади иницијални пријави за бенефиции.