Линкови за пристапност

Американска подводна лабораторија


Во близина на брегот на Флорида внукот на Жак Кусто, Фабиен Кусто, со шестчлен екипаж ќе мине 31 ден на мисија што ќе биде емитувана во живо.

Внукот на легендарниот подводен истражувач и режисер Жак Кусто ја продолжува семејната традиција минувајќи 31 ден под вода во близина на брегот на Флорида.

Фабиен Кусто и екипаж од шест лица престојува во подводна истражувачка лабораторија, позната под името Аквариус, во Националниот морски резерват на на Флорида Кис.

Кусто вели дека нивната едномесечна операција, позната како „Мисија 31“ се темели на наследството на сличен 30-дневен експеримент на живеење под вода во Црвеното Море во 1963 и филмувано од Жак Кусто за неговиот документарец „Живот без сонце“ за кој доби Оскар.

Лабораторијата Аквариус е околу 120 квадратни метри под притисок, со шест кревети на кат, топла вода, мала кујна, разладен уред и безжична врска со брегот.

Екипажот се буди во 4:30 наутро и почнува да нурка до 6 часот.

Кусто вели дека живот во базата им дозволува на научниците да работат под вода и да нуркаат подолго време без да се враќаат на површината или да се декомпресираат. Тој проценува дека тие ќе достигнат девет пати повеќе работа отколку што би биле во можност да завршат работејќи од површината.

Како и неговиот дедо, Фабијан Кусто се надева дека неговата работа ќе ја инспирира јавноста да ги заштити океаните. Тој планира да се врати на површината на 2-ри јули.

Младиот Кусто ќе направи нешто што неговиот дедо не можел: ќе ја емитува целата мисија во живо на Интернет и ќе комуницира со јавноста преку социјалните медиуми и видео комуникација со училници на површината.

Жак Кусто почина во 1997 на 87 години.
XS
SM
MD
LG