Линкови за пристапност

Учесниците на самитот во Париз разговараат за отпорноста


Тие велат дека природните катастрофи влијаат на економските, социјалните и аспектите на животната средина.

Учесниците на самитот за климатски промени на Обединетите нации во близина на Париз во среда разговараа за отпорноста, испитувајќи го влијанието на природните катастрофи врз најранливото население во светот.

Обединетите нации забележаа дека во изминатите триесет години, еден долар од секои три долари потрошени за развој се загубени како резултат на периодичните кризи, што довело до загуба од 3,8 трилиони долари на светско ниво. Тие велат дека природните катастрофи влијаат не само на економските димензии туку и на социјалните и на аспектите на животната средина. Секоја година се погодени 217-милиони луѓе.

Сесиите во средата беа фокусирани на океаните и другите водни ресурси. Обединетите нации предупредуваат дека неуспехот да се подобри управувањето со овие ресурси го загрозува напредокот во намалување на сиромаштијата и постигнувањата на целите за одржлив развој.

Учесници на овој состанок беа и национални и локални владини делегации, организации за развој и групации за управување со водни ресурси. Учесниците планираат да усвојат пакт за соработка за водата и адаптација на климатските промени, како и да добијат ветување од други влади, групи од граѓанскиот и приватниот сектор да работат заедно во подобрување на отпорноста на водните ресурси.

XS
SM
MD
LG