Линкови за пристапност

60-годишнина на Агенцијата за бегалци


60-годишнина на Агенцијата за бегалци
60-годишнина на Агенцијата за бегалци

Канцеларијата на Високиот комесар за бегалци на ОН на 14-ти декември одбележува 60 години од основањето. УНХЦР била организирана по завршувањето на Втората светска војн, како привремена агенција за помош на околу милион луѓе раселени заради конфликти во Европа. Агенцијата требаше да заврши со работата за три години, но шест децении подоцна УНХЦР се` уште им помага на милиони внатрешно раселени луѓе.

Фактот што УНХЦР оди од една кризна ситуација во друга не е причина за славење. Но податокот дека агенцијата им помогнала на повеќе од 50 милиони бегалци повторно да го изградат својот живот е вредно за аплауз. УНХЦР добила две Нобелови награди за мир како признание за работата сторена во корист на некои од луѓето во најголема нужда во светот.

Иронично, вели Заменик – високиот комесар за бегалци на ОН, Александар Алеиникоф, УНХЦР оперира во еден вид лимбо во текот на најголем дел од своето постоење. Тој објаснува дека луѓето верувале оти ситуацијата со бегалци е привремена и дека ќе биде решена.

„Дури пред неколку години конечно сфативме дека проблемот со бегалци веројатно ќе остане со нас засекогаш, дека секогаш ќе има луѓе кои бегаат преку граница од различни причини кои имаат потреба од меѓународна заштита, помош и поддршка. И ние таа улога ја играме“, вели Алеиникоф.

Во 1956, УНХЦР се соочила со првата голема криза. Советските трупи го задушиле Унгарското востание, испраќајќи над 180.000 Унгарци во соседните земји во потрага по засолниште.

Консултантот и поранешен главен портпарол за УНХЦР Рон Редмонд вели дека ова било главна пресвртница за агенцијата.

„До тогаш агенцијата работеше на случаи на поединци кои бегаат од прогонство. Сега имате голема група луѓе кои бегаат од иста причина и УНХЦР започна да работи со групи на бегалци“.

Во 1960-тите, деколонизацијата на Африка ја произведе првата од многуте бегалски кризи на континентот. Други поголеми настани ги вклучуваат луѓето од виетнамскиот брод, егзодусот на милион авганистански бегалци по советската инвазија во 1980-те и геноцидот во Руанда од 1994, што принуди илјадници да бегаат.

Пред 60 години Агенцијата за бегалци имаше 30 вработени и буџет од 300.000 долари да помагаат на околу еден милион европски бегалци. Денеска има 7.000 вработени и буџет од над три милијарди. Оперира во 120 држави и помага на околу 30 милиони бегалци, внатрешно раселени и луѓе без држава.

Принципите на заштита и азил се под зголемена закана во денешно време. Се` повеќе индустријализирани држави ставаат бариери за азил, честопати одбивајќи луѓе кои имаат вистинска потреба од меѓународна заштита.

XS
SM
MD
LG