Линкови за пристапност

Караџиќ останува на тврдењето дека е невин


На завршно рочиште во Хаг, лидерот на Босанските Срби кажа дека обвинителите на ОН му судат на целиот српски народ.

Поранешниот лидер на Босанските Срби, Радован Караџиќ, ја започна својата завршна изјава на неговото судење во Хаг, останувајќи на тврдењето дека е невин за каков било криминал за време на Босанската војна во 1990 и признавајќи само „морална одговорност“.

Караџиќ се товари за 11 кривични дека, вклучувајќи и геноцид во Сребреница каде близу 8.000 муслимански мажи и момчиња биле убиени во 1995 од српските сили под командата на генералот Ратко Младиќ.

Караџиќ инсистираше дека обвинителите на ОН немаат никаков доказ во поддршка на обвиненијата што го поврзуваат со злосторствата во Босанската војна, и ги обвини дека целиот српски народ го ставаат пред суд.

Во писмена изјава на 874 страници во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, Караџиќ кажа дека не бил свесен во тоа време за масовното убиство во Сребреница.

XS
SM
MD
LG