Линкови за пристапност

ОН: Рекордно високо ниво на гасовите што носат глобално затоплување


Светската метеоролошка организација вели ако ова не запре температурите ќе пораснат за 4,6 степени до 2100-та

Агенцијата за временски услови на ОН вели дека концентрацијата во атмосферата на три главни гасови кои придонесуваат за глобалното затоплување пораснала во 2012 на највисоко ниво до сега забележано.

Светската метеоролошка организација во среда кажа дека концентрацијата на јаглероден диоксид, метан и азотен оксид постигналa нов рекорд. Новиот рекорд се заканува на шансите за остварување на целта на ОН за ограничување на глобалното затоплување за два степени целзиусови на нивото пред индустријализацијата.

Вестите доаѓаат спроти средбата во Варшава за глобалното затоплување на делегати од 190 држави, кои ќе се соберат за дискусија да го направат легално обврзувачки глобалниот договор за намалување на емисијата на штетни гасови до 2015-та.

Генералниот секретар на Светската метеоролошка организација Мајкл Џаруд во соопштение од среда кажа дека ако условите не се променат, глобалното затоплување ќе ги крене температурите за 4,6 степени целзиусови (над пред-индустриското ниво) до 2100-та.
XS
SM
MD
LG