Линкови за пристапност

САД и Кина постигнаа договор за Северна Кореја


Дипломатите на ОН велат дека договорот за засилување на санкциите спрема Северна Кореја уследил по декемвриското лансирање на ракета.

Дипломатите велат дека САД циркулирале нацрт резолуција во 15-члениот Совет за безбедност на ОН, по која може да се гласа денеска, за да се казни Северна Кореја за лансирањето.

Тие велат дека резолуцијата ќе биде осуда на лансирањето и и ќе ги прошири постоечките санкции. Но не е јасно дали тоа ќе додаде нови санкции, чекор на кој Кина, единствениот голем сојузник на Пјонгјанг, пружа отпор.

Вашингтон вршеше притисок на Пекинг да прифати силни мерки по ракетното лансирање, што во голема мерка беше осудено како прикриено тестирање на проектил што е забрането според санкциите на ОН.
XS
SM
MD
LG