Комитетот на ОН за права на децата упати барање без преседан до Ватикан - „итно да ги отстрани“ сите свештеници обвинети за сексуална злоупотреба на деца и да ги предаде на цивилните власти.
Комитетот ја повика Светата столица да признае дека се случила сексуална злоупотреба на десетици илјади деца и да ги предаде своите архиви на оваа тема. Телото наведува дека е „мошне загрижено“ што Римокатоличката црква не го уважила обемот на злоупотребата, не презела неопходни чекори за решавање на случаите и усвоила политика што овозможува злоупотребата и натаму да се случува, без последици.
Ова е досега најдиректна порака од ОН до Ватикан за сексуалната злоупотреба на деца од страна на свештеници. Минатиот месец, претставници на Ватикан на целодневен распит одговараа на прашања на претставници на Комитетот.
Ватикан денес реагираше преку соопштение дека детално ќе го проучи и провери извештајот на ОН, но додаде дека некои делови од него ги смета за „обид за мешање во учењето на Католичката црква за достоинството на човекот и во изразувањето на верската слобода“. Црквата наведува дека останува определена „да ги брани и заштитува правата на децата, согласно принципите промовирани во Конвенцијата за правата на децата и моралните и верски вредности на католичката доктрина“.
Папата Францис во декември формираше комисија за истражување на сите пријавени случаи на сексуална злоупотреба.