Линкови за пристапност

Апел од ОН до САД за осуда на расно мотивиран криминал


Комисијата за елиминирање на расната дискриминација при ОН, упати апел до САД за отфрлање на расистички мотивираните кривични дела и говор на омраза, по неодамнешниот собир на бели супремацисти што заврши трагично во Шарлотсвил, Вирџинија. Комисијата предупреди на дополнително насилство, ако тоа не се спречи сега.

Во соопштението стои дека „на највисоко политичко ниво било потфрлено недвосмислено да се отфрлат насилнички расистички настани“, во САД.

Соопштението не ги именува американскиот претседател Доналд Трамп во врска со настаните, при што 32-годишната Хедер Хајер беше убиена, кога припадник на белите националисти со автомобил удри во толпа контра-демонстранти.

Изјавата на Комисијата на ОН беше издадена под ознаката за „рано предупредување и итна акција“, што е пракса за сериозни ситуации. Досега вакви предупредувања се издадени 20 пати од 2003-та година, и главно биле насочени кон држави како Бурунди, Ирак, Израел и Гуана.

Панелот составен од 18 независни експерти, се заложи за казнување на сторители на насилството во Шарлотсвил пропорционално со сериозноста на кривичното дело.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG