Линкови за пристапност

САД мораат да инвестираат во ОН за да се справат со кинеското малигно влијание, рече амбасадорката Линда Томас-Гринфилд


Амбасадорката на САД во ОН рече дека Пекинг ја користи дипломатијата со вакцини против ковид-19 за да врши притисок врз некои посиромашни држави

Амбасадорката на САД во Обединетите нации (ОН) Линда Томас-Гринфилд изјави пред Конгресот дека работи на мониторинг на кинеското „малигно влијание“ во ОН.

„Кина е агресивна и насилна во користење на нејзината моќ во Обединетите нации“, рече Томас-Гринфилд во Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом.

Таа рече дека Пекинг промовира „авторитарен пристап кон мултилатерализмот“.

Амбасадорката укажа на низа постапки, вклучувајќи го кинеското влијание во три технички организации на ОН, како и дека Пекинг ја користи дипломатијата со вакцини против ковид-19 да врши притисок врз некои посиромашни држави.

„Ќе се спротивставуваме силно против овие напори“, рече таа, повикувајќи ги законодавците да инвестираат во Обединетите нации за да го обноват американското влијание, кое, рече таа, опаднало за време на администрацијата на претходниот претседател Доналд Трамп.

„Нашите непријатели и конкуренти инвестираат во ОН. Не можеме да очекуваме да се натпреваруваме ако не го направиме истото“, додаде Томас-Гринфилд.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG