Шефот на Кабинет на Белата куќа Марк Медоус, изјави дека претседателот Доналд Трамп нема да присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации следната недела.
Секоја година лидерите од цел свет доаѓаат на годишното собрание, но, овојпат пандемијата на ковид-19 ги промени состаноците.
Многу лидери испраќаат снимени пораки за виртуелните средби, но, веднаш не беше јасно дали Трамп ќе испрати порака, ниту дали ќе учествува виртуелно.
Трамп рече дека сака да биде домаќин на самитот Г7, но, и тоа може да пропадне како последица на пандемијата.
Тој кажа дека би сакал самитот да се одржи во ноември, по претседателските избори.
Facebook Forum