Обраќајќи им се на меѓународните делегати за време на еднодневната конференција, Бан повика на „експоненцијално зголемување на глобалната солидарност„ за справување со овој проблем:
„Тука сме за да се справиме со најголемата бегалска и раселувачка криза на нашето време. Ова бара исклучителна поддршка од земјите-членки на ОН. Ова бара експоненцијално зголемување на глобалната солидарност. Денес ќе разговараме за важни бројки, но прво и најважно, овој состанок е за луѓе, наши луѓе“, рече Бан Ки Мун.
На состанокот, Високиот комесар за бегалци на ОН Филипо Гранди, им се заблагодари на Египет, Ирак, Јордан, Либан и Турција за нивните придонеси.
Гранди исто така истакна дека состојбата со бегалците треба да биде „во центарот на дискусијата“.
Бан ги повика делегатите да се обврзат да овозможат дополнителни патеки за прием на бегалци од Сирија. Тој вели дека тие патишта можат да вклучат раселување или хуманитарен прием, семејни собири, како и работа или можности за образование.
Државите ветија повеќе од 178.000 места кадешто бегалците можат да одат. Агенцијата за бегалци на ОН сака да најде локации за една третина од 4,8 милиони бегалци од Сирија кои се наоѓаат во земјите во соседството, подолго од три години.