Специјалниот пратеник на ОН за Сирија планира да одржи уште една рунда разговори следниот месец, но повика прекинот на огнот да биде ревитализиран пред да се постигне датум.
Штефан де Мастура даде изјава по брифингот во Советот за безбедност на ОН. Тој рече дека дискусиите воделе кон конструктивна атмосфера и покрај тоа што има ескалирање на насилството во Сирија.
Денеска меѓународниот комитет на Црвениот крст предупреди дека завојуваниот Алепо во северна Сирија е на работ на хуманитарна криза.
Насилството вклучува стрелање со проектили врз владини објекти од страна на бунтовниците при што загинаа 14 лица.
При воздушни напади од страна на бунтовниците, загинаа и најмалку 20 лица, вклучувајќи и три болнички лица. Црвениот крст соопшти дека болницата е поддржана и од нив и од Лекари без граници.
Осврнувајќи се на нападот, специјалниот пратеник Мастура праша, цитираме, „како да стане збор за содржајни разговори за состојбата во Сирија кога имате само вести за бомбашки напади?“
Во средата, Русија побара од Советот за безбедност да воведе санкции врз дел од сириската опозиција која е инволвирана во мировните разговори.
Амбасадорот Витали Чуркин ја обвини Џаиш ал Ислам, втора бутовничка група, дека е блиска со Исламската држава и со Ал-Каида. Но, оваа група е поддржана од Западот и Вишиот комитет за преговори кој има поддршка од арапскиот свет и е вклучена во изнаоѓање политичко решение за сириската граѓанска војна.