Советот за безбедност на Обединетите нации бара од сите страни во Сирија веднаш да почнат да испраќаат храна, лекови и друга неопходна хуманитарна помош во воените зони.
15-те членки едногласно изгласаа резолуција во вторникот изразувајќи незадоволство дека оние кои војуваат во Сирија ги игнорираат претходно договорените барања на ОН и се „огорчени“ бидејќи насилството се влошува.
Резолуцијата се однесува на сириската влада и Исламската држава, фронтот Ал-Нусра и борците поврзани со Ал - Каида.
Понатаму се осудува „широката употреба на тортура, малтретирање, арбитрарни екзекуции, вонсудски убиства, насилно исчезнување, сексуално и родово насилство, како и сите тешки видови на повреди и насилството врз децата.“
Во вторникот, шефот на канцеларијата на ОН во Женева, Мишел Молер, изјави дека ќе бидат домаќини на сириските мировни преговори во Женева, следниот месец. Тој не најави конкретен датум, но го најави крајот на јануари.
Две рунди на мировни преговори на ОН, кои се одржаа во Женева минатата година, завршија со неуспех.