Линкови за пристапност

ОН со телефонска линија за поплаки од сексуално вознемирување


Иницијативата „Зборувај“ се однесува на евентуално недолично сексуално однесување и вознемирување меѓу вработените во светската организација

Обединетите Нации воспоставија 24-часовна телефонска линија за помош за борба против сексуалното вознемирување на работното место меѓу персоналот, како дел од политиката на нула толеранција, кога станува збор за сексуалната експлоатација и злоупотреба.

„Зборувај“ е дел од пошироката иницијатива на Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, во борбата против сексуалното вознемирување и поддршката на жртвите и сведоците. Портпаролката на светската организација во Женева, Алесандра Велучи, објаснува дека вработените во ОН, сега може да ја повикаат линијата за помош 24 часа на ден, и во доверба да зборуваат обучена, непристрасна личност за проблеми со сексуалната злоупотреба и да обезбедат информации.

Портпаролката кажа дека ОН формираат и специјализиран тим којшто ќе работи на случаите за сексуално вознемирување.

„Ќе се стави особено внимание на зголемување на бројот на истражители-жени. Во основа, ги зајакнуваме нашите методи за да се справиме со проблемот“, истакна Велучи.

Додека ОН можат да се справат со внатрешните проблеми на сексуално вознемирување, портпаролката додаде дека организацијата нема контрола врз однесувањето на мировниците на светската организација. Таа вели дека во тие случаи одговорноста паѓа на државата-членка каде војниците се обвинети за недолично сексуално малтретирање, при што треба да ги истражи и да поведе судска постапка за кривичните дела.

Официјални претставници на агенции на ОН, остро ги осудија неодамнешните извештаи дека локални работници и приватни добротворни организации, разменувале храна и друг вид на помош, за сексуални услуги од сириски жени.

УНХЦР и други хуманитарни агенции на ОН, велат дека нивните партнери мора да се придржуваат до строгиот кодекс на однесување, кој опфаќа сексуална експлоатација и злоупотреба. Според нив, сите одговорни, за кои ќе се смета дека ги прекршиле правилата, ќе бидат предмет на дисциплински мерки, вклучувајќи и отпуштање од работа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG