Линкови за пристапност

Избран новиот состав на Советот за безбедност на ОН


Во 15-членото тело, двегодишен мандат добија Ангола, Малезија, Нов Зеланд, Шпанија и Венецуела.

Генералното собрание на ОН ги избра Ангола, Малезија, Нов Зеланд, Шпанија и Венецуела со двогодишен мандат да се приклучат на 15-члениот Совет за безбедност.

Петте нови членки на Советот ќе се приклучат на 1-ви јануари и ќе служат до 2017-та, но нема да имаат право на вето. Тие заменуваат пет членки на кои им истекува мандатот, вклучувајќи ја и Јужна Кореја.

Во надлежност на Советот за безбедност се прашања од меѓународниот мир и безбедноста, а во последно време се соочува со напливот на кризи во Африка, Блискиот Исток, Украина и глобалниот одговор на вирусот ебола.

XS
SM
MD
LG