Линкови за пристапност

Форумот на ООН бара решенија за 70 милиони раселени лица во светот


Поради четириесетгодишна војна во Авганистан раселените луѓе во земјата се најдолго расселено население во светот

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, УНХЦР, го одржува првиот форум во обид да ја поттикне меѓународната поддршка за десетици милиони луѓе раселени поради војна, сиромаштија, репресија и други фактори. Глобалниот форум за бегалци, кој од денеска до18 декември се одржува во Женева, ќе се обиде да ги обедини лидерите на влади, деловниот сектор и граѓанското општество да работат заедно за да изнајдат решенија за повеќе од 70 милиони расселени луѓе.

Повеќето раселени лица остануваат во својата земја, но околу 25 милиони се расселени преку границите на својата матична земја. Земјата која е домаќин на најмногу бегалци, околу 3,5 милиони, е Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е меѓу политичките и другите лидери кои присуствуваат на форумот во Женева.

Осумгодишната граѓанска војна во Сирија расели 13 милиони луѓе. Поради четириесетгодишна војна во Авганистан раселените луѓе во земјата се најдолго расселено население во светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG