Во најновиот извештај на Агенцијата за бегалци на ОН, насловен како Глобални трендови, што коинцидира со Светскиот ден на бегалците, се вели дека конфликтите и репресијата во 2015-та придонеле за нагло зголемување на бројот на бегалци и внатрешно раселени лица.
Присилно раселени 65,3 милиони лица, што е за речиси 5 милиони повеќе споредено со 2014-та. Според Агенцијата за бегалци на ОН, повеќе луѓе сега се раселувани од војна и репресија, а ова се случува во време кога се` поголем број земји ги затвораат своите граници за барателите на азил.
Претставникот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН во Либан, Мирил Жирард, повикува да и` се обрне внимание на ситуацијата.
Во извештајот се додава дека на три земји – Сирија, Авганистан и Сомалија – отпаѓаат половина од 21 милион бегалци во светот, како и тоа дека 50% од сите бегалци се деца – многумина од нив, одвоени од нивните семејства додека бегале. Статистиката покажува дека минатата година 98.000 баратели на азил биле од деца без придружба, што е највисока бројка досега.