Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) алармира на бројот на бегалци кои го изгубиле животот при поминување на Средоземното Море во 2016-та година, речиси исто колку што загинале во 2015-та, кога три пати повеќе луѓе се обидувале да ги поминат границите.
Досега, најмалку 3.470 бегалци го изгубиле животот обидувајќи се да поминат по воден пат, нешто помалку од 3.771 лице, кои биле забележани во 2015-та.
Портпаролот на УНХЦР вели дека драматичното зголемување на бројот на мртви, може да се земе како резултат на повеќе опасни рути, што бегалците ги користат, како и помалку квалитетните бродови што ги управуваат криумчарите.