Линкови за пристапност

Над три милиони деца бегалци без пристап до образование


Агенцијата за бегалци на ОН апелира на земање предвид и на овој аспект во ситуацијата на справување со бегалците.

Извештајот покажува дека вооружените конфликти и политичката нестабилност се причина што бегалците ја напуштиле нивната држава, а децата со тоа не ги оставаат зад себе само своите домови, туку во многу случаи и образованието.

Говорејќи на оваа тема во Женева, каде беше објавен извештајот, Комесарот за бегалци на ОН, Филипо Гранди, рече дека ситуацијата се влошува кога децата ќе пораснат.

Извештајот презентира цврсти докази дека квалитетно образование може да влијае на намалувањето на бројот на малолетници кои стапуваат во брак, на злоупотребата на детскиот труд, експлоатацијата на децата како и бременоста кај тинејџерките.

Во извештајот исто така стои и податокот дека популацијата на деца бегалци кои спаѓаат во училишната возрасна група е зголемен за 30 отсто во 2014-та, што ја зголемува и побарувачката за дополнителни нови 20 илјади професори. Се вели дека државите кои се справуваат со проблемот со бегалците треба да обезбедат, меѓу другото, и училници во кои децата би имале пристап до образование.

Оваа година ОН побараа од донатори 4,54 милијарди долари помош за сириските бегалци. Од нив 662 милиони долари се наменети за едукација. До јуни биле собрани само 39 проценти од таа сума.

Во 2015-та, за истата програма средствата за образование стигнаа во последните два месеци од годината, што според ОН е лошо бидејќи државите немаат доволно време да направат долгорочни планови за начинот на едукација на децата бегалци.

XS
SM
MD
LG