Линкови за пристапност

Гутереш го поздрави влегувањето во сила на Договорот од Преспа


Генералниот секретар на ОН рече дека навидум нерешливите проблеми можат да бидат решени со дијалог и политичка волја, соопшти неговиот портпарол, по денешното добивање на официјалната нота

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го поздрави Договорот од Преспа, соопштувајќи дека ја добил официјалната нота за негово влегување во сила, со што државата го доби името Република Северна Македонија, изјави неговиот портпарол.

„Договорот го решава долгогодишниот спор меѓу Атина и Скопје и покажува дека дури и навидум нерешливите проблеми можат да бидат решени со дијалог и политичка волја“, соопшти портпаролот.

Во изјавата се вели дека „Генералниот секретар им честита на двете држави и на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев на посветеност во креирање визија за иднината на релациите меѓу двете држави, како и помирување на Балканот и пошироко“.

Генералниот секретар, се нагласува во изјавата, е длабоко благодарен на медијаторот Метју Нимиц за неговата цврста посветеност во посредување во преговорите.

Тој ги повика државите - членки, регионалните заедници и сите меѓународни партнери да ги поддржат историските чекори што ги преземаа двете страни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG