Линкови за пристапност

ОН бараат забрана на нуклеарното оружје


Резолуцијата повикува на преговори за нов меѓународен договор

Државите членки на Обединетите нации гласаа за мерка која може да води до забрана на нуклеарното оружје.

Во четвртокот Комитетот за меѓународна безбедност на ОН гласаше да се одобри резолуција која повикува на преговори за нов договор за нуклеарното оружје, и покрај противењето на земјите кои поседуваат вакво оружје.

Резолуцијата беше изгласана со 123 наспроти 38 гласа, и 16 воздржани. Нуклеарните сили гласаа против.

САД, Израел, Русија, Франција и Британија беа меѓу државите кои гласаа против оваа мерка.

Кина, Индија и Пакистан беа воздржани.

По ова ќе се расправа во декември, кога резолуцијата ќе биде ставена на гласање во Генералното собрание.

XS
SM
MD
LG