Линкови за пристапност

ОН: Поостри санкции кон Пјонгјанг


Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно усвои нови економски санкции против Северна Кореја, како одговор на нуклеарниот тест од 3-ти септември.

Со одредбите од резолуцијата драстично ќе се намали способноста на Северна Кореја за финансирање и реализирање на нуклеарната и балистичката програма.

Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли, синоќа пред членовите на Советот изјави дека светот никогаш нема да прифати нуклеарно вооружена Северна Кореја.

„Не уживаме во натамошното зајакнување на санкциите. Не бараме војна. Режимот на Северна Кореја сè уште не ја помина точката од која нема враќање. Ако се согласи да ја прекине својата нуклеарна програма, може да си ја врати иднината. Тоа ќе покаже дека може да опстои во мир, и светот ќе живее во мир со тоа“, истакна Хејли.

По минатонеделната средба на Советот за безбедност, американската амбасадорка испрати различна порака, предупредувајќи дека лидерот Ким Јонг Ун „моли за војна“, додавајќи дека САД немаат неограничено трпение.

Северна Кореја вчера предупреди дека САД ќе платат „голема цена“, ако Советот за безбедност на ОН одобри дополнителни санкции против Пјонгјанг.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG