Линкови за пристапност

ОН го осудија лансирањето во Северна Кореја


Јужнокорејци во Сеул следат ТВ-извештај за лансирањето на ракета од Северна Кореја.
Јужнокорејци во Сеул следат ТВ-извештај за лансирањето на ракета од Северна Кореја.

Советот за безбедност го смета за прекршување на резолуциите што забрануваат Пјонгјанг да врши балистички и нуклеарни тестирања.

Советот за безбедност на ОН го осуди лансирањето на ракета од Северна Кореја, нарекувајќи го очигледно прекршување на резолуциите што забрануваат официјален Пјонгјанг да врши балистички и нуклеарни тестирања.

Пред итниот состанок на Советот, британскиот амбасадор во ОН Марк Лиол го оцени потегот на Северна Кореја како провокација.

Во Вашингтон, портпаролот на Белата куќа Џеј Карни кажа дека Северна Кореја ќе се соочи со „последици“ поради лансирањето. Тој рече дека потегот е „за жалење“ и дека ги прекршил резолуциите на ОН.

Северна Кореја денес соопшти дека лансирала ракета со долг домет за која вели дека однела метеоролошки сателит во орбитата. Доколку биде потврдено, ваквото постигнување би значело голем чекор напред во обидот на земјата да развие интерконтинентален балистички проектил што може да носи нуклеарна боева глава.

Севернокорејските државни медиуми јавија дека лансирањето е „пресвртна“ мисија што ги исполнила „последните инструкции“ на починатиот водач Ким Џонг-ил.

Американската армија соопшти дека Северна Кореја „испратила објект што навидум стигнал во орбитата“. И други аналитичари направија иста проценка.

Успешното лансирање би го зголемило домашниот рејтинг на Ким Џонг-ун, синот и наследникот на Ким Џонг-ил на функцијата.

САД, Јапонија и Јужна Кореја се меѓу земјите кои го осудија лансирањето. Русија и Кина, кои како и САД се постојани членки на Советот за безбедност, го критикуваа потегот.
XS
SM
MD
LG