Линкови за пристапност

Претставник на ОН во посета на Северна Кореја


Јужна Кореја се надева дека посетата ќе помогне да се убеди Северна Кореја да тргне на патот кон денуклеаризација

Висок претставник на Обединетите нации денеска ја започна својата тридневна посета на Северна Кореја, во време кога Пјонгјанг ги зголеми тестовите за нуклеарни и балистички проектили.

Портпаролот на ОН изјави дека генералниот секретар за политички прашања Џефри Фелтман, е првиот официјален претставник на ОН, кој ја посетил Северна Кореја изминативе шест години.

Јужна Кореја се надева дека посетата на Фелтман ќе помогне да се убеди Северна Кореја да тргне на патот кон денуклеаризација.

„Ние внимателно разговараме за глобалните прашања на ОН, вклучувајќи ги и прашањата поврзани со Северна Кореја. Се надеваме дека преку посетата на потсекретарот Фелтман на Северна Кореја, ќе испратиме обединета порака од цела меѓународна заедница, дека Северна Кореја треба да престане со провокации и закани, и дека земјата ќе се врати на патот кон денуклеаризација“, изјави Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја.

Минатата недела Пјонгјанг истрела нова интерконтинентална балистичка ракета, за која тврди дека би можела да достигне до континенталните територии на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG