Линкови за пристапност

Хејли: Време е за најстроги санкции против Северна Кореја


Амбасадорката на САД во Обединетите нации рече дека САД немаат неограничено трпение

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) одржува вонредна седница, по најголемиот нуклеарен тест на Северна Кореја, и медиумските извештаи кои уследија потоа, а во кои се вели дека Пјонгјанг се подготвува да тестира друг балистички проектил.

Амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли, изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун „моли за војна“, и предупреди дека САД немаат неограничено трпение.

„Неговата злоупотреба на проектили и нуклеарни закани, покажуваат дека тој моли за војна“, рече Хејли. „Војна е нешто што САД никогаш не го посакуваат, и не го сакаме ниту сега, но, трпението на нашата држава не е неограничено. Ќе ги браниме нашите сојузници и територија“, рече таа.

Хејли се обрати на вонредниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, кој беше закажан по шестиот нуклеарен тест, овојпат на хидрогенска бомба од страна на Северна Кореја

Меѓународните експерти се` уште не го потврдуваат тоа, но, веруваат дека се работи за најголем тест од кога било претходно.

„Дојде време да се исцрпат сите дипломатски можности за да се стави крај на кризата. Тоа значи итно да се воведат најстроги можни мерки, овде во Советот за безбедност“, додаде Хејли.

Таа најави дека САД ќе обезбедат нова предлог-резолуција за можни санкции, со цел Советот да преговара оваа недела. Хејли се надева дека за неа ќе може да се гласа веќе следниот понеделник.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG