Линкови за пристапност

Помош за мигрантската криза од 1,8 милијарди долари


Ова го ветија Групата 7 индустријализирани држави и земјите од Заливот, на маргините на Генералното собрание на ОН.

Групата седум индустријализирани држави, заедно со земјите од Персискиот Залив, ветија дека до хуманитарните агенции на ОН ќе достават 1,8 милијарди долари, за да помогнат во светски најголемата мигрантска криза од Втората светска војна, наваму.

Веста уследи по средбата на претставниците на земјите од Групата 7 на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. На состанокот присуствуваа и земјите од Заливот, како и лидери на одредени европски држави коишто се справуваат со напливот бегалци.

Во моментов не е јасно дали бројката од1,8 милијарди долари ја вклучува претходно ветената хуманитарна помош.

Одвоено, Јапонија соопшти дека ќе обезбеди 810 милиони долари за помош на бегалците од и во рамки на Сирија и Ирак, и дополнителни 750 милиони долари за мировни иницијативи на Блискиот Исток и Африка.

XS
SM
MD
LG