Линкови за пристапност

ОН го осудија насилството во Газа


Со 58 загинати понеделникот беше најсмртоносен ден на прекугранично насилство од војната во 2014-та

Канцеларијата за човекови права на ОН убиството на 58 Палестинци од страна на израелските сили во понеделникот го нарече „ужасна“ работа и изрази загриженост за она што може да се случи денеска и во иднина.

Палестинските официјални лица изјавија дека повеќе од 2.700 демонстранти биле повредени во судири долж границата во Газа за време на најсмртоносниот ден на прекуграничното насилство од војната во 2014-та година со Израел.

„Се чини дека секој може да биде застрелан или повреден: жени, деца, новинари, случајни минувачи на 700-тини метри од оградата“, соопшти вчера канцеларијата за човекови права на ОН.

Израелските сили беа критикувани во врска со употребата на вистински куршуми како одговор на палестинските протести на границата изминативе седум недели, но израелските власти велат дека тоа било неопходно за да се заштити границата и ги обвинија милитантите на Хамас за користење на протестите како покритие за нападите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Твитер во понеделникот напиша дека секоја земја е обврзана да ги брани своите граници.

„Терористичката организација Хамас изјавува дека има намера да го уништи Израел и испрати илјадници луѓе да ја пробијат граничната ограда за да ја постигнат целта. Ќе продолжиме решителна акција да го заштитиме нашиот суверенитет и граѓаните“, рече тој.

Судирите во понеделникот се случија откако американските и израелските претставници го прославија отворањето на новата американска амбасада во Ерусалим. Израелската армија тврди дека на протестите имало повеќе од 40.000 луѓе.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG