Линкови за пристапност

ОН свикаа итна седница за израелско-палестинските борби


Ова ќе биде прв состанок во ОН во Њујорк од почетокот на пандемијата пред повеќе од 14 месеци

Генералното собрание на ОН ќе свика итна седница денес побарана од Организацијата за исламска соработка и групата арапски земји при Обединетите нации во врска со немирите меѓу Израел и палестинските милитанти во Појасот Газа.

Околу десетина министри за надворешни работи се упатија за денешниот состанок - првпат во седиштето на ОН во Њујорк од почетокот на пандемијата пред повеќе од 14 месеци. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој повика на итно запирање на насилството, ќе се обрати и на специјалната сесија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата го одби повикот на американскиот претседател Џо Бајден за прекин на бомбардирањето од страна на Израел.

Наместо тоа, Нетанјаху во изјавата рече дека е „решен да продолжи со оваа операција додека не се исполни нејзината цел“.

Нетанјаху рече дека тој „многу ја цени поддршката на американскиот претседател“, но дека Израел ќе направи се „да ги врати смиреноста и безбедноста на граѓаните на Израел“.

До вчера, бројот на загинати е 227 во Газа, вклучувајќи 64 деца, според тамошните здравствени власти и 12 во Израел, според нејзините власти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG