Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зарив, кажа дека минатонеделните тестови на проектили на неговата земја, не го прекршиле нуклеарниот договор меѓу Иран и Западот.
За време на посетата на Австралија, Зарив истакна дека Иран на проектилите гледа како на клучна мерка за самоодбрана и дека целта не е пренесување на нуклеарни боеви глави.
Претходно, американската амбасадорка во ОН, Саманта Пауер, лансирањата ги опиша како опасни, дестабилизирачки и провокативни, подривувајќи ги шансите за мир во регионот.
Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби посочи дека најновите активности на Иран се во спротивност со резолуцијата на ОН усвоена во јули, а којашто се однесува на балистичките проектили.