Линкови за пристапност

870 милиони во светот - гладни


Неисхранети деца, згрижени во Центар за гладни во Мумбај, Индија.
Неисхранети деца, згрижени во Центар за гладни во Мумбај, Индија.

Еден на секои осум луѓе во светот или 12,5% од вкупното население патат од глад, според најновиот извештај на ОН.

Речиси 870 милиони луѓе во светот се хронично неисхранети, според денес објавениот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Еден на секои осум луѓе во светот или 12,5% од вкупното население патат од глад, според статистиката во извештајот. ФАО наведува и дека износот е помал од претходните проценки - 925 милиони во 2010-та и една милијарда во 2009-та.

„Во денешниот свет на никогаш поголеми технички и економски можности, сметаме дека е апсолутно неприфатливо над 100 милиони деца под петгодишна возраст да имаат телесна тежина под нормалната, а со тоа да не можат да го реализираат својот целосен човечки и социо-економски потенцијал“, изјави директорот на ФАО Жозе Грацијано да Силва.

Извештајот предлага „напоредна стратегија“ против гладта, што вклучува широко распространет економски растеж и помош за најранливите.
XS
SM
MD
LG