Линкови за пристапност

Хејли го брани повлекувањето од Советот за човекови права на ОН


Сведено е на само уште еден инструмент на меѓународната политика, а тоа е голема трагедија

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли ја бранеше одлуката на администрацијата на Трамп да се повлече од Советот за човекови права на ОН, велејќи дека ова тело е „најголемиот неуспех на ОН“.

Говорејќи на конзервативната фондација Херитиџ во Вашингтон во средата, Хејли пред присутните се обрати велејќи дека Советот не е „место на совеста“.

„Идејата за човековото достоинство - идејата која е во центарот на нашето национално верување и правото на првенство на секое човечко суштество – се сведе на само уште еден инструмент на меѓународната политика, а тоа е голема трагедија“, рече Хејли.

Хејли по нејзиниот говор, рече дека одредувањето на недостатоците на кампањата за човекови права, „беше, е и ќе остане“ еден од најголемите приоритети на Обединетите нации.

Советот за човекови права составен од 47 члена генерално се смета за погрешен, но важен, играјќи сериозна улога во унапредувањето и заштитата на глобалните човекови права.

XS
SM
MD
LG