Линкови за пристапност

Светските лидери бараат средба Трамп – Рохани


Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел бараат претседателите на САД и Иран да разговараат на маргините на Генералното собрание на ОН

Еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Иран е една од „најголемите закани во светот“, иранскиот претседател Хасан Рохани денеска е на ред да се обрати пред Генералното собрание на Обединетите Нации.

Другите лидери, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, настојуваат да се оствари средба меѓу Трамп и Рохани на маргините на годишната средба, со надеж за надминување на тензиите во односите меѓу САД и Иран.

Досега, ваквите напори беа неуспешни.

"Тие се тука. Ние сме тука, но сè уште не сме се согласиле на тоа", рече Трамп во вторникот. Рохани изрази подготвеност за разговор, но само доколку Трамп се согласи да ги укине економските санкции против неговата земја.

Соединетите држави воведоа санкции насочени кон нафтена индустрија во Иран, откако минатата година се повлекоа од договорот од 2015 година со кој се ограничува нуклеарната програма на Иран. Овој месец, американските претставници го обвинија Иран дека е одговорен за нападот врз саудиските нафтени постројки, што Иран го негира.

Исто така, денеска е предвидено да се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски, покрај тоа што ќе има средба со Трамп.

Телефонски разговор остварен во јули меѓу Трамп и Зеленски е во фокусот на американските законодавци во последните неколку недели, покрај извештаите дека Трамп го повикал Зеленски да спроведе истрага за поврзаноста на кандидатот за демократски претседател, Џо Бајден и неговиот син со украинска компанија за гас.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG