Линкови за пристапност

Светските лидери денеска се обраќаат на Генералното собрание на ОН


Американскиот претседател Доналд Трамп, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, корејскиот претседател Мун Јае-ин и францускиот претседател Емануел Макрон, ќе се обратат на првиот ден од Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк

Светските лидери вклучени во некои од најзначајните геополитички теми се меѓу оние што треба да се обратат на првиот ден од Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

По воведното обраќање од страна на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, учесниците на годишната средба ќе ги слушнат обраќањата на група лидери во која се и американскиот претседател Доналд Трамп, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, корејскиот претседател Мун Јае-ин и францускиот претседател Емануел Макрон.

Обраќањата доаѓаат еден ден откако 16 годишната шведска активистка Грета Тунберг ги критикуваше светските лидери кои учествуваат на самитот на ОН, поради како што рече празни зборови. Таа повика на акција во однос на климатските промени, велејќи дека луѓето страдаат и умираат од последиците на глобалното затоплување.

Таа рече дека науката јасно укажува на последиците веќе 30 години, но тие се уште не преземаат доволно мерки.

„Мојата генерација не успеа да ја заштити нашата планета“, рече Гутереш. „Тоа мора да се промени“.

Гутереш повика на постепено исфрлање на фосилните горива и прекин на изградбата на нови електрани за јаглен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG