Линкови за пристапност

Светските лидери се собираат во Њујорк на климатскиот самит на Обединетите нации


Околу 60 претседатели и премиери ќе се осврнат на актуелните прашања од областа на климатските промени, вклучувајќи ги и преминот од јаглен кон обновливи извори на енергија, спречување и реагирање на катастрофи

Светските лидери се собираат денеска во Њујорк на самитот на ООН за климатските промени бидејќи научниците предупредуваат дека треба да се преземат многу поамбициозни активности за да се исполнат целите насочени кон ублажување на последиците од климатските промени.

Околу 60 претседатели и премиери ќе се осврнат на актуелните прашања од областа на климатските промени, вклучувајќи ги и преминот од јаглен кон обновливи извори на енергија, спречување и реагирање на катастрофи.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, нема да биде меѓу оние што присуствуваат на самитот. Тој денеска е на настан посветен на верските малцинства, пред се христијаните. По тоа ќе има одделни средби со лидерите на Пакистан, Полска, Нов Зеланд, Сингапур, Египет и Јужна Кореја.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, обидувајќи се да ја истакне важноста на климатскиот самит ги предизвика лидерите да „дојдат со конкретни планови“, а не само „убави говори“.

Во пресрет на самитот, Обединетите нации објавија извештај подготвен од Светската метеоролошка организација, кој укажува на забрзан пораст на загадувањето со јаглеродот, како и пораст на морското ниво и на глобалните температури.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG