Линкови за пристапност

Втор ден од Генералното собрание на ОН


На 71-вата сесија ќе се обратат вкупно 42-ца лидери

На вториот ден од 71-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, свои обраќања ќе имаат лидерите на Кина, Јапонија, Украина, Европската Унија, Авганистан и Пакистан, а се очекува говори да имаат вкупно 42-ца шефови на држави и влади.

Ан Сан Су Чи од Мјанмар и долгогодишниот диктатор од Зимбабве Роберт Мугабе, говореа за време на утринската сесија.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, во знак на денешниот Меѓународен ден на мирот, ги повика сите завојувани страни во светот да бидат дел од 24-часовното примирје.

Сирија и бегалската криза беа во фокусот на повеќето денешни говори. Претседателот Барак Обама за време на своето обраќање во вторникот ја истакна неопходноста за дипломатско решение за конфликтот во Сирија.

Ова е последна година и последен говор за Обама и за Бан Ки-мун во ОН. Обама го напушта претседателското место во јануари, а Бан Ки-мун по една деценија на чело на светската организација, ќе замине од функцијата во декември.

XS
SM
MD
LG