Обединетите нации (ОН) изјавија дека луѓето во најмалку 25 држави ќе се соочат со невиден глад во наредните месеци, како последица на пандемијата.
ОН изјавија дека ќе бидат потребни 4,9 милијарди долари за справување со кризата од недостиг на храна.
„Дополнителни 500 милиони долари ќе бидат потребни да се спречи гладта во државите кои се наоѓаат во најголем ризик, како Африка, Азија, Карипските Острови, Латинска Америка и Блискиот Исток“, соопштија ОН, согласно програмата за обезбедување храна во светот.
Најновите пресметки, покажуваат дека до 6.000 деца, секој ден, во наредните шест месеци, би можеле да умираат од причини кои би можеле да се спречат, а кои се резултат на последици поврзани со пандемијата на КОВИД-19.
Facebook Forum