Линкови за пристапност

Храната во цел свет поскапела за три проценти, објави ОН


Цената на растителното масло се зголемила за 9,6 проценти во октомври, додека на млечните производи за 2,5 проценти

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ОН), објави дека нејзиниот ценовен индекс за храна покажал оти во октомври цените за храна се искачиле за три проценти во споредба со септември.

Ценовниот индекс покажал оти цената за жито се зголемила за пет проценти поради намалената жетва од големите извезувачи на пченица, меѓу кои Канада, Русија и САД.

ОН забележува дека меѓународните цени и за друга зрнеста храна, исто така, се зголемиле.

Во меѓувреме, агенцијата на ОН рече дека цената на растителното масло се зголемила за рекордно ниво од 9,6 проценти во октомври.

Цените на млечните производи се зголемиле за 2,5 проценти, додека цената на месото паднала за 0,7 проценти.

Дел од информациите се искористени од Асошиетед прес и Ројтерс

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG