Линкови за пристапност

Убиството на Солејмани од страна на САД е неосновано, забележува нов извештај на ОН


Не се прикажани докази дека иранскиот генерал планирал напад врз американските интереси, за што би било потребна итна акција, се вели во извештајот на Советот за човекови права

Убиството на иранскиот генерал Касем Солејмани беше непромислено, а одмаздничкиот напад на Иран неоправдан, се вели во извештај на Советот за човекови права на Обединетите нации за таргетирани убиства со дронови.

„Немаше доказ дека генералот Солејмани планирал напад врз американските интереси, конкретно во Ирак, за што би било потребна итна акција, која би била оправдана“, се вели во извештајот.

Според извештајот, САД изјавиле дека го извршиле нападот во самоодбрана, по ескалација на серија вооружени напади од страна на Иран претходните месеци.

Сепак, забележува извештајот, САД не успеале да објаснат ниту еден напад, и оти официјалните лица на САД биле неверојатно нејасни во однос на евентуална итна закана.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео, тогаш кажа дека Солејмани планирал голем напад врз американските интереси, и оти тој напад требало да се случи во секој момент.

Извештајот, пак, вели дека со нападот бил нарушен суверенитетот на Ирак, со оглед на тоа дека државата не дала согласност за такво нешто.

„Додека не се објасни употребата на сила кон оваа држава и нејзините граѓани, заклучокот мора да биде дека нападот претставува агресија кон Ирак, и оти убивањето на жителите и странските граѓани на оваа територија, се незаконски и неосновани, согласно меѓународното право“, нагласува извештајот.

Извештајот ќе биде презентиран пред Советот за човекови права на ОН в четврток.

САД се повлекоа од овој Совет во 2018 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG