Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш, предупреди дека милиони луѓе во светот би можеле да умрат како последица на коронавирусот, доколку не постои координиран глобален одговор.
„Ако дозволиме вирусот да се рашири како шумски пожар, особено во најчувствителните региони во светот, најверојатно ќе убие милиони луѓе“, рече Гутереш.
Тој порача дека државите мора да се се префрлат од преземање индивидуални здравствени мерки кон заеднички одговор во справување со вирусот.
Гутереш ги повика државите и финансиски да ѝ помогнат на Светската здравствена организација (СЗО), при спарвување со ширњето на КОВИД-19.
СЗО објави повеќе од 200.000 потврдени слуачи на коронавирус и повеќе од 8.000 мртви како резултат на пандемијата.
Facebook Forum