Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на глобално прекинување на огнот, додека светот се бори против пандемијата на коронавирус.
„Време е вооружените судири да запрат и да се фокусираме на вистинската борба на нашите животи“, изјави Гутереш за новинарите преку видео-конференција.
Додека пандемијата се шири низ целиот свет во последните неколку недели, војната во Сирија влезе во својата 10-та година, а кризата во Јемен во шеста.
Досега има повеќе од 350.000 потврдени случаи на КОВИД-19 ширум светот, болест предизвикана од коронавирусот, а починале повеќе од 15.000 луѓе.
Гутереш ги повика завојуваните страни да го стивнат своето оружје, да ги прекинат воздушните напади, да создадат хуманитарни коридори и да создадат простор за дипломатија.
„Ставање крај на војната и борба против болеста што го уништува нашиот свет“, рече Гутереш. „Toa започнува со запирање на борбите насекаде. Сега тоа е она што му треба на човештвото, сега повеќе од кога и да било “.
Додека пандемијата се шири низ целиот свет во последните неколку недели, војната во Сирија влезе во својата 10-та година, а кризата во Јемен во шеста. Продолжуваат конфликтите во Африка, вклучително и во Либија. Обединетите нации неодамна изразија загриженост поради ескалација на насилството во Јужен Судан. Во меѓувреме, десетици милиони луѓе се внатрешно раселени и бегалци поради насилство низ целиот свет.
Facebook Forum