Линкови за пристапност

Самитот на ОН за климатските промени заврши без клучни одлуки за справување со климатските промени


Досега најдолгите климатски разговори на Обединетите нации завршија во неделата во Мадрид со тоа што државите се согласија да ги зголемат обврските за намалување на емисиите на јаглерод следната година.

Самитот сепак заврши со одложување на клучни одлуки до 2020 за намалување на емисиите на гасови на светско ниво.

Државите не успеаја да договорат јасни цели, правила за пазарите на јаглерод или финансирање на посиромашните нации за да се прилагодат и да одговорат на климатските промени. Ова го зголемува притисокот за следната година, кога ќе започне да се спроведува Парискиот климатски договор.

Критиките беа насочени кон неколку најголеми загадувачи во светот, вклучувајќи ги и САД, поради блокирање на напредокот за решавање на растечката климатска криза.

За време на разговорите беа изнесени и алармантни наоди за растечкото влијание на климатските промени врз океаните, шумите и глечерите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG