Линкови за пристапност

Гутереш: Климатските промени катастрофално ќе влијаат на светот


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупредува дека ако не се преземат мерки, климатските промени ќе имаат катастрофално влијание врз светот.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш вели дека климатските промени се клучното прашање на нашето време.

„Африканскиот континент практично не придонесува за климатските промени, но африканскиот континент е една од областите во светот каде влијанието на климатските промени за разлика од други области е подраматично и уништувачко. Погледнете ги бурите во Мозамбик, Зимбабве и Малави или погледнете ја сушата која драматично напредува во подрачјата како Сахел.“

Тој предупреди дека ако не се преземат мерки, климатските промени ќе имаат катастрофално влијание врз светот.

Во новиот извештај на Обединетите нации се посочува дека недостатокот на храна и вода, поплавите и другите природни катастрофи може да бидат резултат на климатските промени ако луѓето не преземат мерки.

Извештајот, исто така, покажа дека луѓето сега создаваат повеќе проблеми во природата отколку во било кое друго време во историјата на човештвото. Последиците се видливи во изумирањето на над еден милион видови растенија и животни.

Научниците повикаа на мерки со цел да се избегнат најлошите последици. Во тој контекст предлагаат менување на начинот на производство на храна и енергија и подобро управување со отпадот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG