Линкови за пристапност

Светските лидери ќе потпишат договор за климатските промени


Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун кажа дека договорот од Париз е „пресвртница“ во регирањето по климатските промени.

Повеќе од шеесет претседатели и премиери, како и голем број на други високи претставници од повеќе од сто и триесет земји, ќе се соберат во Њујорк да го потпишат договорот за климатските промени постигнат во Париз во декември.

Според договорот треба да се ограничи глобалното зголемување на температурата под два степени целзиусови. Исто така, претставува патоказ за намалување на емисиите на штетните гасови и ублажување на ефектите од загревањето на планетата.

Лидерите во Париз ги договорија деталите, но во Њујорк ќе го потпишат договорот, каде ќе се потврди подготвеноста за почеток на имплементирање на истиот.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун го поздрави договорот од Париз како „пресвртница“ во однос на одговорот на климатските промени.

Договорот ќе стапи во сила триесет дена по ратификацијата.

Договорот ќе влезе во сила во 2020 година, но доколку доволен број земји го ратификуваат порано – тоа може да биде и 2017-та.

Потпишувањето на договорот, на Денот на планетата Земја, ќе биде придружен со многу говори и некои холивудски ѕвезди. Актерот и активист за климатски промени Леонардо Ди Каприо се очекува да се обрати.

И поранешниот потпретседател на САД Ал Гор ќе биде присутен на потпишувањето и ќе се обрати на ручекот ко-организиран од страна на генералниот секретар на ОН и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Потоа започнува вистинската работа.

XS
SM
MD
LG