Линкови за пристапност

Договорот од Конференцијата за климатски промени во Париз одложен за еден ден


Најголемите несогласувања се околу финансиската одговорност на посиромашните земји и која би била долгорочната цел

Францускиот министер за надворешни работи, Лорент Фабиус соопшти дека конечен договор од Конференцијата за климатски промени на ОН во Париз, нема да биде постигнат до сабота, а планот беше тоа да се случи денеска.

Фабиус ова го изјави рано денеска, по, како што велат изворите, напорни преговори меѓу претставниците на 195-те земји-учеснички на настанот.

Но, наспроти извештаите за тешки преговори, Фабиус сепак подвлече дека „атмосферата е добра и позитивна и работите се движат во вистинска насока“.

Најголемото несогласување е околу финансиската одговорност што треба да ја преземат посиромашните земји од трошоците за мерките за намалување на загадувањето и за тоа која би била долгорочната цел зацртана во договорот.

Во меѓувреме, официјален Пекинг обелодени дека претседателот Ши Џинпинг имаш телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама за климатските промени. Од Белата куќа се очекуваат информации од разговорот, а од Пекинг не коментираат за што точно било дискутирано.

XS
SM
MD
LG