Линкови за пристапност

Климатските промени предизвикале 11.000 катастрофи изминативе 50 години, предупредија ОН


Потребата од хуманитарна помош би можела да се зголеми за 50 проценти до 2030 година, вели Светската метеоролошка организација

Обединетите нации предупредуваат дека климатските промени му се закануваат на животот на милиони луѓе во светот, и оти потребата од хуманитарна помош би можела да се зголеми за 50 проценти до 2030 година.

Светската метеоролошка организација на Обединетите нации, објави изештај кој открива повеќе катастрофи поврзани со времето, како топлотни бранови, бури и суши кои се појавуваат секоја година.

„Додека ковид-19 предизвика огромна здравствена и економска криза, за кои ќе бидат потребни години да се надминат, клучно е да се запомни дека климатските промени ќе продолжат да предизвикуваат зголемена закана за човековите животи, екосистеми, економии и општества со векови што следуваат“, изјави Светската метеоролошка организација.

Ивештајот забележува дека 11.000 катастрофи како последица на времето се случиле изминативе 50 години, предизвикувајќи два милиони смртни слуачи и 3,6 трилиони долари економска штета.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG