Линкови за пристапност

Зголемен пристапот до чиста вода во светот


checkdam; water harvesting
checkdam; water harvesting

Светската здравствена организација и Фондот за деца при ОН велат дека е зголемена цифрата на луѓе ширум светот кои имаат пристап до чиста вода, но санитарните системи и натаму се проблем

Добра страна на веста според извештајот од СЗО и УНИЦЕФ е што светот е на добар пат да ги постигне, дури и да ги надмине зададените цели во однос на водата за пиење. Милениумските развојни цели предвидуваа преполовување на бројот на луѓе кои немаат пристап до чиста вода.

Извештајот наведува дека 87 проценти од светската популација од близу 5,9 милијарди луѓе сега користат извори на чиста вода. Но, состојбата со санитарните јазли не е добра.

Шефот за вода, санитарни уреди, хигиена при Фондот за деца при ОН, Клариса Брокелхрст, вели дека алармантен број од 2,6 милијарди лица не користат соодветни санитарни уреди: “Забележуваме големи диспаритети. И покрај добрите вести со снабдувањето со вода, во некои рурални области состојбата е катастрофална. Од 844 милиони луѓе без пристап до чиста вода, 84 проценти живеат во руралните области. По региони - субсахарска Африка е оставена сама на себе. Со санитарни јазли се покриени само 31 процент, а со вода околу 60 проценти. Тоа е регион со најмала снабденост со вода. Глобалната покриеност со вода изнесува 87 проценти.“

Извештајот посочува дека нечистата вода, санитарните и хигиенски услуги се двата најголеми убијци на деца во светот преку болестите пневмонија и дијареа.

Секоја година 1-1,5 милион деца на возраст под пет години умираат од дијареа. Околу 80 проценти од нив или 4.000 смртни случаи на ден, се поради нечиста вода и несоодветни санитарни услови.

СЗО и УНИЦЕФ велат дека недостигот од пристап до вода, санитарни услови, хигиена се одразуват врз здравјето, безбедноста, квалитетот на живот кај децата. Тие велат дека попогодени се жените и децата отколку мажите и момчињата. Тоа е поради фактот дека врз нив паѓа товарот со наоѓање чиста вода.

XS
SM
MD
LG