Новите податоци на Обединетите нации покажуваат дека глобалните стапки на инфекција со ХИВ/СИДА и бројот на смртни случаи се намалени и има напредок во лекувањето, но новите инфекции остануваат сериозен предизвик за одредени високоризични групи.
Продолжуваме да напредуваме во борбата против епидемијата, но тој напредок од година во година е се помал.Нинан Варугесе, директор на канцеларијата на УНАИДС во Њујорк
Во извештајот објавен во вторникот во пресрет на Светскиот ден за борба против Сидата (1 декември), Агенцијата за борба со сидата при Обединетите нации (УНАИДС) објави дека од речиси 38 милиони луѓе на глобално ниво кои живеат со ХИВ - вирусот кој предизвикува СИДА - повеќе од 24 милиони пациенти примаат антиретровирусна терапија. Ова е значително зголемување од пред девет години, кога само околу седум милиони луѓе имале пристап до животно спасувачки третман.
Според УНАИДС околу 8 милиони луѓе не знаат дека се заразени со ХИВ.
Бројот на смртни случаи поврзани со СИДА во светот исто така е намален за повеќе од половина од 2004 година. Околу 770.000 луѓе починаа од оваа болест минатата година.
„Продолжуваме да напредуваме во борбата против епидемијата, но тој напредок од година во година е се помал“, рече Нинан Варугесе, директор на канцеларијата на УНАИДС во Њујорк.
Тој рече дека напред има во источна и јужна Африка, но многу други области во светот се соочиле со неуспеси, како што се Централна Азија и Источна Европа.
Повеќе од половина од новите инфекции се јавуваат кај припадници на високоризичните групи и нивните сексуални партнери.
Потребни се и повеќе пари за финансирање на глобалниот одговор за борба против Сидата. УНАИДС проценува дека се потребни 26,2 милијарди американски долари за 2020 година.
И додека 19 земји се на добар пат да ја достигнат целта до 2030 година да се стави крај на епидемијата на СИДА, за најголемиот дел од светот тоа не е случај.
Facebook Forum