Линкови за пристапност

Поевтини лекови за болните од СИДА во Африка


Финансиската поддршка доаѓа од Фондацијата Гејтс

Болните од СИДА во Африка, ќе имаат пристап до поевтини генерички лекови против СИДА, со финансиска поддршкана хуманитарната организација на Бил Гејтс.

Програмата на ОН за борба против СИДА-та, соопшти дека Фондацијата Гејтс ќе гарантира продажба на минимален број на лековите, а за возврат, производителите на тие лекови се согласиле да обезбедат цена за третман од 75 долари по пациент годишно.

„Кога зборуваме за информација што може да го смени животот, зборуваме за квалитет на лековите, но и за еднаквост, за достоинство, пристап до лековите како човеково право“, истакна Мишел Сидби, извршен директор на програмата.

Организациите од јавниот сектор, овие лекови со намалена цена ќе можат да ги купат наредната година, а според проценките, партнерството можно е да заштеди преку една милијарда долари медицински трошоци во наредниве шест години.

Ова беше соопштено за време на состанокот на Програмата на ОН за борба против СИДА-та, чиј фокус беа начините за искоренување на ХИВ-вирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG